Од есен нови правила во виенското метро: „Смрдливите“ јадења се строго забранети

Виенските власти планираат да ги забранат „смрдливите“ јадења во возовите на подземната железница.

Од септември, „смрдливите“ јадења меѓу кои е и националната брза храна како крањски колбас со сирење, или пица, веќе нема да може да се јадат во возовите на подземната железничка линија У6.

– Имајќи предвид дека должината на патот У6 во просек трае меѓу пет и десет минути,  сметаме дека е можно да се побара од патникот тие неколку  минути да издржи без храна – вели градската советничка Улрике Сима.

Таа укажа дека на темата јадење се дискутира многу години, но досега ништо не е постигнато, па затоа смета дека единственото решение е забраната. Сима истакнува дека забраната, исто така, значи и помалку работа при чистењето на возовите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари