logo
logo
logo

Од ѕидот на срамот до место на тронот: "Лабавата корона политика" на Шведска им оддржа лекција на повеќе европски лидери

Vecer | 15.09.2021

Од ѕидот на срамот до место на тронот: "Лабавата корона политика" на Шведска им оддржа лекција на повеќе европски лидери

Немири и демонстрации во Франција поради новите ковид мерки, нови рекордни броеви во Австралија како и рекордни бројки на новозаразени во Европа....а Шведска? Шведска од еден случај падна на нула!

Шведска, да потсетиме е ставена на ѕидот на срамот во сите светски медиуми и тоа поради лабавата политика во борбата против Ковид-19. Британскиот Гардијан го карактеризираше шведскиот пристап како катастрофа во најава. Си-Би-Ес пак, известуваше дека Шведска е типичен пример за тоа како НЕ треба да се решава кризата со коронавирусот.

И покрај сите критики, Шведска се уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирусот, земјата е полна со туристи, сите активности се во полн ек, децата одат во училиште и се тоа – без никакви рестрикции, пишува Б92.

Исто, така шведските службеници не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки, туку и не ги препорачуваат. И по се ова, каков е резултатот?

Најновите податоци, земени во последните 7 дена, покажаа дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 е нула. А исти таков број, Шведска има и неделата пред.

Оттаму, се заклучува дека и пред една година беше јасно дека приказните за катастрофата во најава беа неосновани – односно една година подоцна се покажа дека пристапот е правилен, пишува порталот Free.org.

А ова го докажуваат и бројките на месечно ниво, како на оние кои се заболени, така и оние економските. Денес Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга држава во Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk