logo
logo
logo

Од 7 јуни во Шпанија можат да одат вакцинирани лица од трети земји

Vecer | 21.05.2021

Од 7 јуни во Шпанија можат да одат вакцинирани лица од трети земји


Шпанија ќе им дозволи на луѓето од ЕУ кои се вакцинирани против Ковид-19 да влезат во Шпанија од 7 јуни, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Новото правило ќе важи за вакцинирани патници, без оглед на земјата од која потекнуваат“, рече Санчез , наведувајќи ги САД како пример, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, тие мора да имаат сертификат за докажување дека примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови или од Светската здравствена организација.

Тој исто така најави дека од 24 мај, Шпанија ќе им дозволи на туристите од земјите кои не се членки на ЕУ, како и оние за кои се смета дека имаат мал ризик од зараза, да влезат во Шпанија без негативен ПЦР-тест.

На списокот, меѓу другите, ќе бидат и Велика Британија, како и Австралија, Нов Зеланд и Израел.

Говорејќи само еден ден откако ЕУ постигна договор за дигитални сертификати за вакцини, Санчез рече дека започнувањето на туристичкиот сектор ќе биде клучен двигател на економското закрепнување на Шпанија.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk