logo
logo
logo

Од 7 јуни Шпанија ги отвора границите за сите вакцинирани

Vecer | 21.05.2021

Од 7 јуни Шпанија ги отвора границите за сите вакцинирани

Шпанија која беше втора туристичка дестинација во светот пред пандемијата, ќе овозможи влез „сите вакцинирани лица“ од која било земја на нејзината територија од 7 јуни, објави шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Почнувајќи од 7 јуни, сите вакцинирани лица и нивните семејства ќе бидат добредојдени во нашата земја, без оглед на нивната земја на потекло“, рече Санчез на Меѓународниот саем за туризам „Фитур“.

Британците, кои во нормални времиња беа најбројни туристи во Шпанија, ќе можат слободно да доаѓаат од понеделник, а досега им беа дозволени само неопходните патувања, додаде тој.

Британија пак ја смета Шпанија за ризична земја и бара од своите граѓани да бидат во карантин и да се тестираат за коронавирус по нивното враќање.

Шпанија се надева дека ќе привлече 45 милиони странски туристи оваа година, што е за половина отколку пред пандемијата.

Влезот на граѓаните на ЕУ во Шпанија никогаш не бил ограничен, им бил потребен само негативен тест за коронавирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk