logo
logo
logo

Од 4 јуни Австрија воведува домашен „зелен пасош“

Vecer | 27.05.2021

Од 4 јуни Австрија воведува домашен „зелен пасош“


Австрија воведува домашна верзија на таканаречениот „зелен пасош“ на 4 јуни, бидејќи парламентот донесе одлуки што го овозможува тоа.

Со гласовите на владејачките партии – Народната партија (ОВП) и Зелените, како и опозициската Социјалдемократска партија (СЈО) и Неос, со опозицијата на Партијата на слободата (ФПО), беше усвоена правната основа за воведување „зелен пасош“.

Зелениот пасош, според одлуката на парламентот, ќе биде доказ преку QR-код или како ПДФ-окумент дека некој бил вакциниран, тестиран негативно или дека прележал коронавирус.

Станува збор за австриската верзија, која, како што е најавено, ќе биде компатибилна со верзијата на ЕУ, која треба да го олесни патувањето во рамките на Унијата од 1 јули.

Само ФПО се изјасни против „зелениот пасош“, сметајќи дека со тоа се кршат основните слободи на граѓаните загарантирани со Уставот.

Во иднина, зелениот пасош ќе биде „билет“ за угостителски објекти, хотели, театри, кина, базени…

Министерството за здравство доби наредба за воспоставување електронска услуга преку која ќе се издаваат сертификати на национално ниво, но кои мора да бидат компатибилни со ЕУ.

Законот, кој е усвоен, јасно утврдува кои податоци ќе бидат во сертификатот, а тоа се име, презиме, датум на раѓање, вид на тест, вакцина, додека валидноста на сертификатот ќе се утврди со декрет заснован на тековните научни сознанија .

Со собирање на разни здравствени податоци, Министерството за здравство ќе има можност да спроведе епидемиолошки надзор, како и да ја следи ефективноста на мерките.

Министерот за здравство доби можност да ги побара сите податоци од регистарот за вакцинација, како и болести кои мора да бидат пријавени со цел да се подобри управувањето со кризи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk