logo
logo
logo

Од 20 мај Шпанија отворена за туристи кои доаѓааат од земји надвор од ЕУ

Vecer | 12.05.2021

Од 20 мај Шпанија отворена за туристи кои доаѓааат од земји надвор од ЕУ


Патниците надвор од Европската Унија ќе можат рекреативно да ја посетуваат Шпанија од 20 мај, рече министерот за туризам Рејес Марото.

Ова може да биде благодет за шпанскиот туристички сектор бидејќи ќе им овозможи на луѓето од Велика Британија, САД или Турција да доаѓаат во Шпанија на одмор.

Марото изјави дека бидејќи Велика Британија има мал број заразени лица, британските туристи, вакцинирани или не, веројатно нема да мораат да прикажат ниту негативен тест за коронавирус за да влезат во Шпанија.

Од друга страна, Шпанија не беше на посакуваната британска зелена листа на туристички дестинации поради високата стапка на заразени со Ковид-19.

„Вонредната состојба е минато. Мора да гледаме кон иднината, а тоа се вакцини, вакцини, вакцини “, рече премиерот Педро Санчез.

Помалку од 5.000 нови заразени со коронавирус и уште 205 смртни случаи се регистрирани денес во Шпанија.

Речиси 30% од возрасната популација се вакцинирани со најмалку една доза, пишуваат тамошните медиуми.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk