Авионот се урнал недалеку од градот Сао Паоло и според бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва нема преживеани.
На социјалните мрежи набрзо се појавија неколку видеа на кои се гледа како авионот паѓа на земја речиси право надолу, носен од гравитацијата, по што избувна пожар.
Horrible!!! Plane crash in Brazil.. pic.twitter.com/DoaZuoq63a
— माटी का पुतला (@MatiKaPutla) August 9, 2024
Според извештаите на цивилната заштита на Бразил, кои ги пренесе „Си-Ен-Ен“, авионот удрил во неколку куќи и за среќа никој од жителите не е повреден. Дописничката на Си-Ен-Ен, Џулија Варгас Џонс телефонски разговарала со жена која ја видела авионската несреќа.
"Бев на ручек во кујната кога го видов авионот како падна. Бев преплашена. Ја наведнав главата и почнав да се молам", рекла неименуваната жена и продолжила:
„По падот на авионот настана паника во градот“.
Властите ги евакуираа сите што живеат во близина на местото каде што се урна авионот, патиштата се блокирани. Градските власти во Валињос потврдија дека е оштетена само една куќа во станбениот дел каде што се случила несреќата.
Веб-страницата „Флајтрадар24“ во меѓувреме ги објави деталите за летот. Авионот што се урна е стар 14 години и е направен во 2010 година. Авионот полетал од Каскавел во јужен Бразил и бил на пат кон Сао Паоло. Последниот сигнал добиен од авионот бил околу час и половина по полетувањето.
Во последните 60 секунди од летот, неговиот транспондер пренесува вертикална брзина помеѓу 2,4 и 7,3 километри во минута.
Инспекторите ќе треба да утврдат што се случило и како пилотот изгубил контрола над авионот.
„Не знаеме дали дошло до судир во воздух или дефект на моторот. Едноставно немаме доволно факти“, вели авијацискиот аналитичар на Си-Ен-Ен, Питер Гец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата