ОБСЕ: На изборите во Турција нема препреки и проблеми

Одри Гловер, од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), изјави дека за време на изборите во Турција се немаат соочено со проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).

Делегацијата ги започна активностите за следење на претседателските и парламентарни избори во Турција во Основното училиште „Тегмен Калмаз" во Анкара.

Гловер изјави дека делегацијата, на покана на Министерството за надворешни работи на Турција, во земјата пристигнала на 24 мај, и дека долгорочните набљудувачи, еден месец имале активности низ целата земја.

Краткорочните набљудувачи во Турција пристигнаа пред неколку дена и денес ги набљудуваат случувањата на гласачките места.

„Покрај краткорочните набљудувачи, ние сме тука за да ги набљудуваме случувањата на денот на изборите. Од тука ќе одиме на други места. Набљудувачите распоредени на различни места во Турција ќе го следат целиот процес на гласање, броење, составување на записниците и пребројување на гласовите на дијаспората", објасни претседателката на делегацијата за следење на изборите пред Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ODIHR), Гловер.

Таа нагласи дека се ангажирани меѓу 300 и 330 набљудувачи.

„Нема никакви пречки за делегацијата на ОБСЕ. Со методологијата што секогаш ја користиме, ние продолжуваме со следењето на изборите. Не сме се соочиле со проблеми", додаде Гловер.

Претседателските и парламентарни избори во Турција ги набљудуваа 415 лица од осум меѓународни заедници.

Нивната задача е да го следат гласањето и придружните процеси и пропагандата, и да установат дали во текот на изборите се применуваат меѓународните изборни стандарди.

Извор: Анадолу

Поврзани

Најнови вести

Коментари