logo
logo
logo

ОБСЕ: 2.500 прекршувања на огнот во Донбас годинава

Vecer | 05.02.2021

ОБСЕ: 2.500 прекршувања на огнот во Донбас годинава


Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ (СНМ) годинава објави над 2.500 прекршувања на прекинот на огнот на истокот од Украина, изјави рускиот заменик-постојан претставник во ОБСЕ, Владимир Жеглов, на интернет-сесијата на Постојаниот совет на европската агенција за безбедност, пренесува ТАСС.

„СНМ пријави повеќе од 2.500 прекршувања на прекинот на огнот од почетокот на оваа година. Покрај тоа, во спротивност со мерките за зајакнување на прекинот на огнот украинската војска користела авиони блиску до патролата на СНМ во Лебединское, донецката област, на 30 и 31 јануари“, рече Жеглов.

„Во оваа насока важно е ефикасно користење на координативниот механизам за одговор на прекршувањата на прекинот на огнот. Како што е пропишано со точка 5 од горенаведените мерки, тој мора да работи преку олеснување со помош на заедничкиот центар за контрола и координација во моментниот работен состав. Во меѓувреме, Киев упорно избегнува да користи таков механизам со вклучување претставници на Донецк и Луганск во неговиот моментно работен состав“, вели тој.

Контакт-групата за решавање на ситуацијата во источна Украина договори дополнителни мерки за контрола на примирјето по должината на контактната линија во Донбас, што стапи во сила од 27 јули 2020 година. Договорот дојде една година откако беше прогласен т.н. неопределен прекин на огнот на 21 јули 2019 година по повеќе од 20 залудни обиди за запирање на непријателствата.

Според договорот, на страните во конфликтот им е забрането да организираат офанзивни и извиднички операции, да користат какви било видови беспилотни летала, да отвораат оган, вклучително и од снајперско оружје и да распоредуваат тешко оружје во населените места и дополнителна инженерска опрема на нивните позиции.

Една од клучните одредби е употребата на дисциплински мерки за кршење на прекинот на огнот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk