logo
logo
logo

Облик на мачење? На Навални во затвор му се заканува принудно хранење

Vecer | 12.04.2021

Облик на мачење? На Навални во затвор му се заканува принудно хранење

На рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој од 31-ви март штрајкува со глад во затвор, му се заканува принудно хранење, било објавено денеска на неговиот профил на Твитер.

"Тежок е 77 килограми", се наведува во објавата на Твитер и потсетува дека Навални од почетокот на штрајкот изгубил осум килограми.

Имајќи ја во предвид сериозноста на штрајкот со глад, управата секојдневно му се заканува дека ќе го храни на сила, се додава во твитот.

Принудното хранење на затвореници во Русија е дозволено со закон, а активистите за човекови права таквиот третман го сметаат за облик на мачење.

Навални, кој е осуден на две и пол години затвор, штрајкува со глад поради условите во затворот Покров, кој се наоѓа на 100 километри од Москва.

Тој ги обвинува властите дека му го ускраатуваат лечењето на проблемот со грбот, поради што сега има проблеми и со рацете и нозете.

Навални навел дека во затвор го мачат и со ускратување на сонот, бидејќи чуварите го будат во текот на ноќа.

Руските власти ги отфрлаат овие обвиненија и наведуваат дека Навални ја има потребната лекарска нега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk