Објавено видео од нападот на „крокодилот“ во Зимбабве

Медиумите од Зимбабме објавија видео од моментот на нападот врз претседателот Емерсон Мнангагва кој се случи за време на неговиот предизборен митинг на стадион.

Тој ги поздравувал присутните на митингот по завршувањето на говорот и се упатил кон затворената просторија зад бината, во придружба на повеќе државници, кога се слушнала силна експлозија.

Неколку секунди после неговото симнување од бината, експлодирала бомба која повредила еден од потпретседателите на Зимбабве, како и уште двајца државници.

Мнангагва изјави дека бомбата експлодирала неколку сантиметри од него и дека станува збор за кукавички чин.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари