Нови теории на заговор по продажбата на личните предмети на првиот астронаут што стапна на Месечината

Личните предмети на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек што стапна на Месечината, неодамна беа продадени на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари.

Аукциската куќа Херитиџ во Далас соопшти дека по највисока цена од 468 000 долари беше продадена идентификациската значка на Армстронг со лунарен модул Аполо 11.

Дел од елисата и дел од крилата на авионот на браќата Рајт, првиот авион потежок од воздухот, беа продадени за помалку од 275 000 долари, пренесува АП.

Првиот летачки костим на Армстронг кој го носел во 1966 година беше продаден за 109 375 долари.

Покрај тоа, на специјална аукција,  за 46 250 долари беше  продаден златниот авијатичарски шлем на Џон Глен, првиот Американец кој ја прелета  Земјата.

Сепак, по овој настан повторно се појавија теории на заговор. Имено, поединци почнаа повторно да тврдат дека Американците никогаш не биле на Месечината и дека Нил Армстронг не бил првиот човек што слетал на овој сателит на Земјата.

Како објаснување за нивните тврдења, наведуваат дека отисокот на неговите стапала на Месечината не одговара на чизмите што тогаш ги носел.

Фотографијата направена од познатиот астронаут Фил Плаит го прикажува познатиот костим на Армстронг, кој го носеше при слетувањето на Месечината.

Кога ја споредика фотографијата од неговите чизми со  фотографијата од отисокот што остана на површината на Месечината, теоретичарите на заговор почнаа повторно да шират голем број теории.

Нил Армстронг е познат американски пилот и астронаут. Тој беше првиот човек што отиде на Месечината. Почина во 2012 година, 20 дена по својот роденден.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари