Во Ерусалим избувнаа нови немири меѓу палестинските демонстранти и полицијата во населбата Шеик Џарах, објавија светските агенции.

До конфликтот дошло по големите тензии во населбата поради иселувањето на Палестинците од нивните домови, бидејќи некои израелски организации соопштија дека имаат законско право да ги блокираат станбените блокови, додаваат медиумите.

Сеуште не е познат размерот на конфликтот како и тоа дали има повредени во судирот меѓу Палестинците и израелската полиција.

 

makfax.com.mk