logo
logo
logo

Нови експлозии во украинскиот регион Крим

Vecer | 19.08.2022

Нови експлозии во украинскиот регион Крим

Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека засега нема информации за евентуалните штети и настрадани лица во овие експлозии. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска престојува во украинскиот град Одеса, по што ќе замине за Турција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со  Гутереш се договориле за параметрите на можнат мисија на меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа во запорожје. По вчерашните разговори со Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Лвив, тој рече дека Русија треба веднаш да ги повлече своите сили и да престане да ја гранатира нуклеарната централа. Русија ја освои електраната во март по тешки борби, а со неа сè уште управуваат украински техничари. Русија вчера соопшти дека постои ризик од вештачка катастрофа во украинската нуклеарна централа Запорожје и ги обвини Киев и западот дека планираат „провокација“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk