logo
logo
logo

НОВА КАТАСТРОФА СТИГНАЛА ВО ИНДИЈА: Додека оваа држава се бори пеколна корона, забележан е прв случај на зараза кај човек

Vecer | 25.05.2021

НОВА КАТАСТРОФА СТИГНАЛА ВО ИНДИЈА: Додека оваа држава се бори пеколна корона, забележан е прв случај на зараза кај човек

Кај еден ковид пациент во Индија откриени се жолти габички, а лекарите веруваат дека тоа е прв случај забележан во човечкиот организам, бидејќи досега таквите габи видени се кај рептили.

Жолтите габички се појавиле откако црните и белите, кои се настанати како последици од ковид кај пациентите или кај оние кои се опоравиле од корона вирус, пренел листот “Сан“.

Жолтата габичка кај ковид пациентите откриена е во болница во државата Утар Прадеш во близина на Делхи.

Доктор Би-Пи Тјаги, оториноларинголог, рекол дека еден маж (45) е инфициран со црни, бели и жолти габички.

- Жолтите габи досега воглавно се наоѓаа во рептили. Ова е прв пат каде што се откриени во човекот – рекол Тјаги за локалната новинска агенција АНИ.

Црните и белите габични инфекции, познати се како мукромикоза, предизвикувајќи мукромицети кои живеат во распаднато овошје и зеленчук, леб, тлото и билките.

Не е јасно на кој начин жолтите габички спаѓаат во мукромикоза, бидејќи се однесуваат малку поразлично.

Симпромите почнуваат од внатре и скриени се, што може да доведе до касно откривање на дијагнозата, додал др. Тјаги.

Почнува со летаргија и намалување на апетитот, кој го погодува пациентите заболени од коронавирус, со последици и губење килограми

Во подоцнежните фази инфекција од жолта габичка можат да предизвикаат отоци на очи поради неисхранетост и откажување на органи.

Пациент во Индија имал и крварење од нос и неконтролирано испуштање урина, очите му биле затворени, рекол неговиот син за агенцијата ИАН.

Жолтите габички можат да излечени, но за третманот е потребно повеќе време отколку за останатите габични инфекции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk