logo
logo
logo

НОВ СОЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ОТКРИЕН ВО КИНА: Хоспитализиран маж со симптоми на вирусот

Vecer | 01.06.2021

НОВ СОЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ОТКРИЕН ВО КИНА: Хоспитализиран маж со симптоми на вирусот

Маж од источната кинеска провинција Џиангсу е потврден како првото лице заразено со вирусот Х10Н3 од птичји грип, соопшти кинеската Национална здравствена комисија (НЗЦ). 41-годишниот маж, жител на градот Женѓијанг, бил хоспитализиран на 28 април откако забележал симптоми како треска.

Во светот до сега не е пријавена инфекција со вирус H10N3 кај луѓето, објави (НЗЦ).

На 28 мај му била дијагностицирана инфекција со птичји грип Х10Н3, но не беа дадени детали за тоа како се заразил. Овој вид е низок патоген или релативно помалку сериозен и се наоѓа кај живината и постои мал ризик од негово масовно ширење. Човекот е во стабилна состојба и е подготвен да биде пуштен од болницата. Не беа пронајдени други контакти со овој вид.

Од вирусот Х7Н9 на птичји грип починаа околу 300 лица во периодот 2016-2017 година и не е забележан поголем број на инфекции на птичји грип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk