logo
logo
logo

Новиот претседател на Иран - Ибрахим Раиси: Жесток критичар на Западот, миленик на Ајатолахот, и бил член на „ПАНЕЛОТ НА СМРТТА“

Vecer | 19.06.2021

Новиот претседател на Иран - Ибрахим Раиси: Жесток критичар на Западот, миленик на Ајатолахот, и бил член на „ПАНЕЛОТ НА СМРТТА“

Ибрахим Раиси победи на претседателските избори во Иран, бидејќи ја доби довербата од 17,8 милиони гласачи, од 28,6 милиони Иранци кои излегоа на гласање во петокот, објави изборната комисија.

Во обраќањето емитувано на државната телевизија денес, шефот на изборната комисија, Џaмал Орф, објави дека на гласање излегле околу 28,6 милиони Иранци, од 59 милиони кои имаат право на глас, а 17,8 милиони гласале за Раиси.

Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува ТАС.

Кандидатот за претседател Абдолсанер Хемати му ја честиташе победата на својот ривал Раиси на изборите во време кога пребројувањето на гласовите сè уште траеше.

„Се надевам дека вашата влада под водство на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ќе донесе олеснување и просперитет на нашата нација“, рече Абдолсанер Хемати, поранешен гувернер на централната банка и еден од тројцата противници на Раиси, објави Ројтерс, повикувајќи се на извештај на државните медиуми.

Во телевизиско обраќање, сегашниот претседател на Иран, Хасан Рохани, кој немаше право да се кандидира за нов мандат, бидејќи беше на таа позиција двапати по ред, му честиташе на народот за избраниот претседател, но не го именуваше.

Раиси, шефот на иранското правосудство, имаше отворена поддршка од врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи и од конзервативните кругови и тој се сметаше за најголем фаворит.

Раиси е на списокот на санкции на САД за наводни повреди на човековите права, вклучително и надзор над егзекуциите на илјадници политички неистомисленици во 1988 година.

Тој беше член на гореспоменатиот „панел на смртта“ и е жесток критичар на Западот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk