Нов инцидент во Виена: Авганистанец нападнал припадник од обезбедувањето на Парламентот

Рано утрово во Виена се случил нов напад, пренесуваат тамошните медиуми. Овој пат, напаѓачот бил државјанин на Авганистан и тој нападнал член на обезбедувањето пред државниот парламент. Авганистанецот се обидел да го извлече човекот од автомобил, но овој успеал да го запре со помош на солзавец.

Напаѓачот, како што беше соопштено на прес-конференција во Министерството за внатрешни работи, не бил вооружен и никој не бил повреден при инцидентот, кој е трет во текот на една недела во австриската метропола.

Државјанин на Австрија со египетско потекло во неделата кон понеделникот со нож нападна војник кој ја обезбедувал резиденцијата на иранскиот амбасадор. Дваесет и двегодишниот напаѓач, за кои властите информираа дека бил поврзан со политичкиот ислам, бил ликвидиран при нападот. Минатата среда уште еден Авганистанец со нож нападна минувачи во близина на познатиот парк Пратер, притоа повредувајќи тричлено семејство.

За денешниот напад, австриската полиција не даде повеќе детали. Инаку во Виена е дадена наредба за зголемен надзор пред сите странски претставништва.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари