Норвешките научници тврдат: Имаме доказ дека браната кај Херсон е разнесена

Сеизмичките сигнали снимени во Буковина, Романија, 620 километри (372 милји) оддалечени од Нова Каховка, укажаа дека експлозијата се случила во 02:54 часот во вторникот, открија норвешките сеизмолози.
Научниците од Носар, норвешката сеизмолошка организација, велат дека времето и местото се совпаѓаат со уривањето на браната, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека само многу голема количина експлозив можела да произведе сигнал откриен на речиси 650 километри.
Од почетокот Украина ја обвини Русија за кревање на браната во воздух.
Тие велат дека сега имаат докази за да го поткрепат тоа обвинение, а нивната домашна служба за безбедност тврди дека пресретнала телефонски разговор меѓу двајца мажи кои зборувале руски, кои рекле дека пробивањето на браната е резултат на активностите на руска диверзантска група.
Москва, пак, негираше дека е виновна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа го нарече чин на „саботажа“ што ќе го остави полуостровот Крим, област анектиран од Русија во 2014 година, без вода.
За потсетување, Associates Press, по прегледувањето на снимката од остатоците од браната Нова Каховка, изјави дека нема докази за поддршка на нападот со гранатирање.
Аналитичарите сметаат дека уништувањето на браната со поставување експлозив внатре е многу поверојатно сценарио, за што придонесува и фактот што браната пред нејзиното уништување била целосно под контрола на руските сили.