Норвешка воведува нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и забрана за јавно служење алкохол и ќе го одложи воведувањето на планот за повторно отворање на земјата, изјави денеска норвешкиот министер за здравство Бент Хоје.

Владата првично планираше да претстави план за постепено укинување на ограничувањата на крајот на март, објави Ројтерс.

Норвешка имаше една од најниските стапки на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Европа од почетокот на пандемијата, но сега бележи рапидно зголемување на бројот на хоспитализирани поради повеќето заразни видови на вирусот.

„Ситуацијата во Норвешка е нестабилна, со зголемена стапка на зарзени во последните неколку недели. Ние сме загрижени за потенцијалните последици ако повеќе луѓе патуваат и се среќаваат за време на велигденските празници“, додаде тој.

Учениците во норвешките училишта ќе бидат на велигденски одмор од 27 март до 6 април.

 

makfax.com.mk