logo
logo
logo

Норвешка ќе ја ангажира војската за заштита на нафтените и на платформите за гас

Vecer | 28.09.2022

Норвешка ќе ја ангажира војската за заштита на нафтените и на платформите за гас

Истекувањето на гас како резултат на можна саботажа откриена вчера на гасоводите „Северен тек“предизвика конфузија на енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Норвешка моментално е најголемиот европски снабдувач на гас и водечки светски снабдувач на нафта. Има повеќе од 90 морски полиња за гас и нафта, од кои повеќето се поврзани со мрежа на гасоводи што се протега на околу 9.000 километри. „Војската ќе биде повидлива во норвешките нафтени и гасни постројки“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

На нападот „ќе биде одговорено заедно со нашите сојузници“, рече тој. Норвешка е членка на НАТО алијансата. На море, морнарицата ќе биде ангажирана за заштита на поморските инсталации, а на копно, полицијата би можела да го зголеми своето присуство на инсталациите, рече тој.

НАТО и Европската унија ја истакнаа потребата да се заштити критичната инфраструктура и предупредија на „силен и обединет одговор“ доколку има повеќе напади.

Во понеделникот, Норвешката агенција за безбедност на нафта повика на поголема внимателност поради неидентификуваните беспилотни летала видени во близина на морските платформи за гас и нафта на Норвешка, предупредувајќи дека тие можат да претставуваат ризик од несреќи или намерни напади.

Шторе рече дека прелетувањата со беспилотни летала „најчесто се случиле во септември“ и дека биле со „различни големини“ и дека нивната активност била „невообичаена“. Сепак, тој повтори дека не гледа конкретни закани против морскиот сектор за гас и нафта на Норвешка и дека не побарал воена помош од сојузниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk