Годинава

Нобелова награда за мир за Кампањата за укинување на нуклеарното оружје

Нобеловата награда за мир ја доби Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ИЦАН), соопшти норвешкиот Нобелов комитет

Нобеловата награда за мир ја доби Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ИЦАН), соопшти норвешкиот Нобелов комитет.

Наградата се доделува на идивидуалци или групи кои промовираат мир или братски односи меѓу нациите.

Престижната награда е доделена „за работата за насочување на вниманието кон катастрофалните последици од каква и да е употреба на нуклеарно оружје и за револуционерните напори за постигнување договор за забрана на сите вакви оружја", се наведува во образложението на Комитетот.

Норвешкиот комитет за Нобелова награда за мир мораше да одлучи меѓу над 300 номинирани за оваа престижна чест.

Поврзани

Најнови вести

Коментари