Никој не е безбеден: Драматично предупредување на американските експерти!

Американските експерти дојдоа до заклучок дека низ Маријанскиот ров протекнува огромно количество вода. Нивните истражувања покажаа дека најдлабокото место на Земјата е некој вид на одводна дупка, која апсорбира кубни километри вода од океанот.

Маријанскиот рав го образува пацифичката и филипинската тектонска плоча. Едната од нив е подвлечена под другата и на тоа место ја повлекува со себе и водата.

Експертите за ова знаеја од претходно, но новото истражување покажа дека во длабочината на земјината кора доаѓа 4,3 пати повеќе вода отколку што се претпоставувало. Само низ Маријанскиот ров за година дена истекува околу три кубни километри вода, но како што се наведува во материјалот, таквите протекувања кои водат во внатрешноста на земјата може да ги има неколку.

Според податоците на научниците, внатре во Земјата постојат подземни океани кои редовно се дополнуваат со вода од површината. По обработката на податоците од шесто илјади сеизмографи, експертите дојдоа до заклучок дека на најмалку две места, под Северна Америка и источниот дел од Евроазија се наоѓаат огромни резервоари со вода.

Одредени експерти сметаат дека таа акумулирана вода еден ден може да избие на површината, што би довело до потоп на целата планета.

Друг дел од научниците смета дека „одводот" работи за добро на планетата, зошто тука истекува дека од водата кој се создава при топењето на ледниците на Антарктикот и Грендланд.

Според мислењето на експертите, благодарение на тој процес нивното на Светскиот океан расте многу поспоро.

Поврзани

Најнови вести

Коментари