logo
logo
logo

NIKE го доби спорот против произведувачот на “сатански патики“

Vecer | 02.04.2021

NIKE го доби спорот против  произведувачот на “сатански патики“

Компанијата NIKE го добила спорот против уметничкиот колектив MSCHF кој произвел “сатански патики“.

NIKE против уметничкиот колектив поднел тужба поради повреда на правата на заштитниот знак со намера да запре продажбата и создавање конфузија и измама за поврзаноста на две страни.

Адвокатите на MSCHF рекле декас не се работи за типични патики туку за уметнички дела меѓутоа, Сојузниот суд застанал на страната на компанијата NIKE. пренесува ББЦ.

Спорните бизарни патики се на моделот на NIKE модел ер макс 97, но содржат крст свртен наопаку, пентаграм, по капка крв и натпис “Лука 10:18“ – одломка од Библијата во која пишува “Видов сотона, кога падна од небото како молња“.

Произведени се 666 пара патики, а одредена им е цена од 1.018 долари, дизајнирани во соработка со реперот Лил Нас Ексом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk