logo
logo
logo

Никаде без потврда, нови мерки во Црна Гора за спречување на заразата од Ковид-19

Vecer | 30.07.2021

Никаде без потврда, нови мерки во Црна Гора за спречување на заразата од Ковид-19

Црногорската влада донесе нови мерки за спречување на ширење на коронавирус, кои ќе важат од денес до 20 август.

Влегувањето во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки, е дозволено само со најмалку еден од следните четири докази : дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза на вакцина, да има негативен ПЦР тест на Ковид-19, кој не е постар од 72 часа, доказ дека лицето го прележало Ковид -19 вирусот, доказ за негативен брз тест за антиген, не постар од 48 часа.

Еден од овие услови мора да исполнуват сите вработени во угостителството – рече директорот на ИЈЗЦГ, Игор Галиќ.

Сопствениците на објектите се должни да назначат лице кое ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.

Малолетниците не се обврзани кон исполнување на еден од горенаведените услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови, велат властите.

Под истите услови, дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не можат да се контролираат се одложени за 20 август.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk