Сумата го покрива периодот од 20 мај до 5 јуни, се вели во соопштението на осигурениците објавено вчера.

Франција завчера ја зафати силно невреме, проследено со силен ветер и град со големина на тениски топчиња, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија, оштети покриви и предизвика поплави.

Работниците во Саон и Лоара, во централна Франција, се обидуваат да ја поправат штетата, а жителите се жалат на уништени автомобили и покриви во репортажата на телевизијата Франс 3. Пожарникарите во регионот примиле дури 450 итни повици.

Штетите би можеле да бидат уште поголеми бидејќи метеоролошката служба Метео Франс вчера најави повторно невреме, град и силен дожд, јави агенцијата DPA.