logo
logo
logo

Невреме ја погоди Канада: 900.000 домаќинства останаа без струја

Vecer | 22.05.2022

Невреме ја погоди Канада: 900.000 домаќинства останаа без струја

Полицијата во Онтарио преку Твитер соопшти дека тројца загинале, а повеќе се повредени во летна бура. Четврто лице, жена на 50-годишна возраст, се удави кога нејзиниот чамец се преврте под удар на бура во реката што ја дели Отава од предградијата на Гатино, објави Радио Канада извештај од локалната полиција.

Покрај тоа, речиси 900.000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340.000 во Онтарио и 535.000 во Квебек, според локалните енергетски компании Хидро Уан и Хидро Квебек./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk