logo
logo
logo

Неусогласеност на највисоко ниво - Кој треба да се вакцинира прв, БОГАТИТЕ ЗЕДОА МНОГУ ПОВЕЌЕ

Vecer | 08.05.2021

Неусогласеност на највисоко ниво - Кој треба да се вакцинира прв, БОГАТИТЕ ЗЕДОА МНОГУ ПОВЕЌЕ

Светската здравствена организација (СЗО) процени дека децата не треба да се вакцинираат против коронавирус се додека не се вакцинираат старите лица и ризичните групи во сите земји.

„Би сакале да повториме дека приоритет треба да биде во сите земји вакцина  да примаат групи со висок ризик пред да започнат да се вакцинираат оние кои имаат многу помал ризик од инфекција“, рече Кејт Обрајен, директор на оддел за имунизација и вакцинација на СЗО.

Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ги одобри вакцините Фајзер за адолесценти од 12 години и постари, со што стана првата земја што го стори тоа.

Следната недела се очекува истото да го сторат и САД, а Германија објави дека вакцината ќе им биде понудена на сите над 12-годишна возраст до крајот на август.

„Сегашната состојба е неприфатлива“

Проширувањето на кампањата за вакцинација на адолесцентите во побогатите земји може да ја зголеми нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, што СЗО постојано го критикува.

„Откако вакцините ќе бидат дистрибуирани на адекватен и еднаков начин - така што секоја земја ќе добие доволно вакцини за приоритетните групи, ние силно ќе го поздравиме давањето вакцини на помладите генерации“, нагласи Обрајен, како што пренесе Франс Прес.

Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во петокот ги повика богатите земји-членки на Г7 да дадат апсолутен приоритет на еднаквиот пристап до вакцината, нагласувајќи дека сегашната состојба е „неприфатлива“.

„Најважното нешто што сега ни треба е  еднаквост во вакцинацијата“, рече тој, додавајќи дека пандемијата одзема 100.000 животи неделно.

„Сите знаеме што треба да се направи за да се зголеми производствениот капацитет, а со тоа и имунизацијата во сите земји“, рече лидерот на СЗО.

Тој посочи дека „повеќе од 80 проценти од дозите на вакцини“ биле дадени во побогатите земји, додека најсиромашните примале само 0,3 проценти.

„Тоа е неприфатливо, ваквиот јаз е неприфатлив“, заклучи Гебрејесус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk