Неколку стотици демонстранти вчера се собраа на улиците во Мелбурн втор ден по ред.

Тие протестираат против рестриктивните мерки воведени поради корона вирусот, што директно им е загрозена егзистенцијата.

Синоќешните протести ескалираа кога демонстрантите се судрија со полицијата.

Protestors stormed Melbourne’s streets for the second day in a row, protesting against a two-week construction ban outside the CFMEU office headquarters. The crowd became violent, with police cars being smashed and the Westgate bridge shut down | @danielsutton10 pic.twitter.com/chYxQH4oUT
— 10 News First Sydney (@10NewsFirstSyd) September 21, 2021

Тие се незадоволни бидејќи властите ја донесоа одлуката за затворање на градежната индустрија на две недели, поради лошите мерки за заштита при работа.

Министерството за здравство потврди дека 409 случаи на коронавирус се поврзани со луѓе кои работат во градежната индустрија.

– Како резултат на овие податоци, тимот за јавно здравје нема друг избор освен да го притисне копчето за пауза и да продолжи да работи со секторот во следните две недели со цел да се подобри усогласеноста и да се забави ширењето на вирусот – рече министерот за здравство.

Оваа одлука ги налути работниците чија егзистнеција е загрозена на овој начин и тие одлучија своето незадоволство да го изразат со протести на улиците во Мелбурн.

Видео кое кружи на Твитер покажува како полицијата почнува да бега со автомобили откако гневните демонстранти тргнаа кон нив.

Тие се обидоа брзо да ги свртат службените возила и да побегнат, меѓутоа, револтираните граѓани ги стигнаа.

Некои од нив почнаа да фрлаат камења и шишиња по автомобилите, додека други отидоа чекор подалеку и почнаа да ги удираат возилата со рацете и да кршат огледала и ветробрански стакла.

Полицискиот автомобил потоа застанал и вооружените полицајци тргнале кон толпата, која во тој момент почнала да бега.

Holy shitballs… #melbourneprotests #COVID19Vic https://t.co/b0g9EeMroU
— Need_A (@NeedA37856342) September 21, 2021

Командантот на полицијата во Викторија, Марк Галиот, денеска им рече на новинарите дека се уапсени 235 демонстранти, меѓу кои 193 лица, кои исто така ќе бидат казнети за кршење на мерките за јавно здравје.

Многумина во коментарите го осудија насилното однесување на граѓаните, наведувајќи дека тие не го оправдуваат таквото насилство, како и дека ова не е начин да се добие посакуваната слобода.