logo
logo
logo

Непозната дестинацијата на првиот брод со пченка што исплови од Украина

Vecer | 16.08.2022

Непозната дестинацијата на првиот брод со пченка што исплови од Украина

Бродот „Разони“ натоварен со 26 илјади метрични тони пченка на 1 август под знаме на Сиера Леоне исплови од украинското пристаниште со крајна дестинација Либан. Потоа бродот беше подложен на проверка во Турција, за потоа купувачот да ја повлече нарачката поради доцнењето во испораката.

Бродот последен пат бил забележан пред три дена крај источниот брег на Кипар, кога бил исклучен тракерот за следење на местоположбата на пловилото.

Амбасадата на Украина во Бејрут соопшти дека откако либанскиот купувач одбил да ја прими задоцнетата нарачка, товарот од „Разони” бил препродаден неколку пати. Во моментов нема информации каде се наоѓа бродот ниту каде завршила натоварената пченка.

Од почетокот на месецов 16 бродови со вкупно над 450 илјади тони земјоделски производи на бродот испловија од деблокираните украински пристаништа. Се проценува дека Украина има околу 20 милиони тони жито подготвено за извоз. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk