logo
logo
logo

Нема шоу, нема камери: Путин ќе се вакцинира, ама ќе мора му веруваме на збор!

Vecer | 23.03.2021

Нема шоу, нема камери: Путин ќе се вакцинира, ама ќе мора му веруваме на збор!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе биде вакциниран против ковид, но не пред камера, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако голем број медиуми побарале да им се каже локацијата каде би го снимиле чинот.

Но, од Кремљ со појаснување дека ниту ќе го кажат времето ниту со која вакцина ќе биде вакциниран рускиот претседател.

„Претседателот сè уште не е вакциниран, но очекуваме дека ќе биде до крајот на денот, вечерва. Ние нема да го покажеме тоа, ќе мора да ни верувате на збор“, рече Песков пред новинарите и додаде дека Путин не сака да се вакцинацира пред камери.

Песков, исто така, одби да прецизира дали Путин ќе биде вакциниран со „спутник В“ или со една од другите две вакцини развиени од земјата.

„Тој ќе биде вакциниран со една од тие три вакцини, нема да кажеме точно која“, рече портпаролот, истакнувајќи дека сите овие вакцини се безбедни и ефикасни.

Путин (68) најави дека ќе биде вакциниран денеска, што се очекуваше подолго време, откако тоа го најави уште од декември кога започна вакцинацијата во Русија.

Многубројни лидери се вакцинираа против коронавирусот, вклучувајќи ги и американскиот претседател Џо Бајден, папата Франциск и кралицата Елизабета Втора. Некои тоа го сторија пред камерите за да испратат порака до граѓаните да го сторат истото.

Досега во Русија се вакцинирани само четири милиони граѓани, додека два милиони примија една доза, што е само четири проценти од вкупното население.

Според анкетата спроведена од Центарот „Левада“ од почетокот на март, скоро две третини од Русите веруваат дека коронавирусот е „биолошко оружје“, а 62% од испитаниците не се расположени за вакцинирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk