Иран и Турција:

Нема да дозволиме менување на границите на Блискиот Исток

Претседателите на Иран и на Турција, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган, денеска изјавија дека нема да дозволат промена на границите на Блискиот Исток по неодамнешниот референдум за независност на Курдистан.

Претседателите на Иран и на Турција, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган, денеска изјавија дека нема да дозволат промена на границите на Блискиот Исток по неодамнешниот референдум за независност на Курдистан.

Иран и Турција беа против референдумот на Курдите кој се одржа на 23 септември и испратија војска на своите граници со ирачки Курдистан. Ирачката влада, исто така, беше против гласањето.

„Нема да прифатиме менување на границите во регионот. Турција, Иран и Ирак немаат друг избор освен да преземат сериозни и неопходни мерки за заштита на своите стратешки цели во регионот", рекол Рохани на заедничката прес-конференција со Ердоган.

Турскиот претседател рекол дека ваквиот развој на ситуацијата ќе ја изолира курдската регионална влада.

„Нашата одлучност по ова прашање е јасна. Што се однесува до нас, тој референдум е нелигитимен. Ниту една земја, освен Израел не го признава, а ниту една одлука донесена по разговорите со Мосад (израелската разузнавачка служба) не може да биде легална", навел Ердоган.

Необврзувачкиот референдум на ирачките Курди, на кој повеќе од 90 отсто гласаа за независност, нема веднаш да доведе до независност на оваа автономна курдска област чии лидери велат дека ќе го искористат референдумот да издејствуваат преговори кои на крај би довеле до создавање нивна независна држава.

Курдите се доминантно население на југоистокот на Турција, на северот на Сирија, северот на Ирак и на северозападот на Иран. Тие четири области го сочинуваат регионот Курдистан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари