logo
logo
logo

Нелегални забави ширум Германија, на една од нив имало 7.000 луѓе

Vecer | 20.06.2021

Нелегални забави ширум Германија, на една од нив имало 7.000 луѓе

Полицијата во повеќе германски градови синоќа прекина забави на отворено, при што дошло до судири меѓу полицијата и насобраните.

Во градскиот парк во Хамбург, полицијата по полноќ прекинала забава на која се собрале повеќе од 7.000 луѓе.

Според полициското соопштение, забавата започнала мирно, а во текот на вечерта имало сѐ повеќе конфликти меѓу насобраните и употреба на забранети пиротехнички средства.

Во Аугсбург, Баварија, полицијата во центарот на градот интервенирала по полноќ и прекинала забава на која имало околу 1.400 луѓе.

На другиот крај од градот околу 250 лица блокирале мост, по што интервенирала полицијата. Некои од собраните фрлале шишиња и други предмети кон полицијата, а неколку полицајци биле повредени.

Во судирите била нападната и Брза помош, по што еден од напаѓачите бил уапсен.

Во повеќето делови на Германија забрането е собирање на повеќе од 250 лица на отворено.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk