Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер тврди дека Европската комисија го поддржува неговиот план да ги протера од Западен Балкан оние илегални мигранти кои немаат шанси да добијат статус за престој во Европската унија.

Нехамер рече дека разговарал со еврокомесарот за внатрешни работи, Илва Јохансон и дека таа ветила целосна поддршка за тој план. Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Верхеј, исто така вети финансиска помош за извршување на протерувањето од Балканот.

Во април, Нехамер објави пилот проект за протерување мигранти без можност за добивање статус за престој во ЕУ. Во таа насока, тој ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Планот се однесува и на доброволно враќање и на протерување.

„ Поддршката на Европската комисија, како во организацијата на договорот за враќање, така и во реализацијата на протерувањето од Балканот, е важен столб за успехот на овој план“, рече Нехамер.

Јохансон најави дека ќе ја посети Србија за две недели, а причината е стапување во сила на договорот за статусот на Фронтекс, кој ја зајакнува заштитата на границата.

Нехамер рече дека своето знаење стекнато при неговата посета на Западен Балкан го споделил со потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс и неговиот унгарски колега Сандор Пинтер.

Во своите разговори, како што истакна во изјавата, тој ја подвлече важноста за поддршка на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие се транзитни земји, и во моментов немаат договори со земјите на потекло за реадмисија.

makfax.com.mk