logo
logo
logo

Недостигот на вакцини ги поттикна владите вo светот за домашно производство

Vecer | 15.03.2021

Недостигот на вакцини ги поттикна владите вo светот за домашно производство

Владите низ целиот свет се обидуваат да го решат проблемот со фрагментирано производство на вакцини, и многу земји се обидуваат да организираат домашно производство и ова почнува да влијае и на глобалната фармацевтска индустрија.

Европската унија се соочи со голем број тешкотии поради кои земјите-членки беа лишени од домашно произведени лековиа.

Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, се надева дека Германија може да изгради резервни капацитети што ќе и овозможат да го менува производството на вакцини. Тој ја истакна важната улога на владата, правејќи споредба со одржување на капацитетот на енергетските компании за периоди со голема побарувачка.

„ На крајот на краиштата, може да се спореди со енергетската индустрија, каде што државата плаќа и на електрани за резервен капацитет“, објасни Хаселоф за „Ројтерс“.

САД се меѓу ретките земји чија влада може да прибегне кон реквизиција во кризна ситуација за да обезбеди производство на неопходни добра. Веќе во раните фази на пандемијата, Вашингтон започна со финансирање на проширување и прилагодување на фабриките за производство на лекови.

Повикувајќи се на Законот за производство во војна, Вашингтон им обезбеди на компаниите за вакцини суровини набавени од други компании, а војската ја надгледуваше изградбата на некои објекти. Недостигот на експерти за надзор на градежните работи го реши Министерството за одбрана.

Од друга страна, Германија сака да го реши проблемот со недостиг на вакцини преку поддршка на домашните фармацевтски компании.

Некои, вклучително и Австралија, Бразил, Јапонија и Тајланд, формираат партнерско производство со шведскиот производител на лекови „Астразенека“.

Италија, на пример, вети државна поддршка за јавно-приватен центар за производство на вакцини, додека Австрија, Данска и Израел планираат заеднички фонд за истражување и развој и ќе размислат за производство на свои вакцини од следната генерација.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk