logo
logo
logo

Недостига храна во Британија, граѓаните панично ја купуваат, Борис Џонсон бара помош од Бразил

Vecer | 25.09.2021

Недостига храна во Британија, граѓаните панично ја купуваат, Борис Џонсон бара помош од Бразил

Бразилскиот претседател Jаир Болсонаро оваа недела се состана со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Коментирајќи за нивната средба, тој рече дека Џонсон од него побарал „итен договор“ во врска со испорака на одредена храна од Бразил во Британија. Неговиот коментар доаѓа во време кога Британија се соочува со зголемен недостаток на одредени прехранбени производи. Болсонаро не кажа за која конкретна храна станува збор.

„Тој сака итен договор со нас за да им испратиме храна што им недостасува во Англија“, рече Болсонаро.

Но, можеби тоа е нешто за што не требаше да зборува отворено, бидејќи веднаш реагираа од британската амбасада во Бразил, побивајќи го бразилскиот претседател.

„Неговата изјава не е во согласност со фактите“, се вели во коментарот на британската амбасада.

Но, факт е дека Велика Британија се соочува со зголемен недостиг на храна а во последно време се повеќе им недостасува јаглерод диоксид, кој се користи за подготовка на разни пијалоци како пиво и газирани пијалаци, но и за зашеметување животни пред колење.

Британските власти ги повикаа граѓаните да не се занимаваат со „панично пазарење“ и дека нема причина за тоа.

Соопштението доаѓа во време кога се забележуваат празни полици во се поголем број британски продавници, а поради зголемените цени на бензинот и недостатокот на работна сила, проблемите брзо се акумулираат и стануваат поакутни.

Теско, најголемиот синџир супермаркети во Велика Британија, минатата недела им рече на владините претставници дека недостатокот на возачи на камиони, доколку ништо не се преземе, сигурно ќе доведе до панично купување, особено кога се приближуваат божиќните празници.

„Нема потреба од паника за купување“, рече британскиот министер за мали бизниси Пол Скали.

Во интервју за Радио Тајмс, тој рече:

„Види, ова воопшто не се 70 -тите години“. Тоа беше неговиот одговор на прашањето дали Британија се враќа на т.н „Зима на немири“.

Беше зима помеѓу 1978 и 1979 година кога Британија беше погодена од голем бран штрајкови и протести и економијата претрпе голем удар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk