logo
logo
logo

НЕ СЕ ФАЛЕТЕ со фотки по Фејсбук дека сте вакцинирани, а еве и зошто

Vecer | 30.05.2021

НЕ СЕ ФАЛЕТЕ со фотки по Фејсбук дека сте вакцинирани, а еве и зошто

Во Германија во моментов најбарани се пасошите за вакцинација, а се појавуваат се поголем број на фалсификувани документи.

Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека сега пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“. Преку онлајн платформи, може да се дојде до ваков фалсификат.

- Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу двоцифрен и низок троцифрен број, се наведува во соопштението.

Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал.

Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го преземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk