Не само Македонците, туку и Ирците ќе излезат на референдум. За „богохулење“

Не само Македонците, туку и Ирците ќе излезат на референдум. Во Ирска во октомври ќе се одржи референдум за укинување на законот против богохулење, беше објавено денеска во Даблин.
Според уставот на Ирска, објавувањето или заговарање богохулење, подривачки или непристоен говор претставува кривично дело казниво во согласност со законот.

Сепак, законот се смета за неефикасен и застарен во модерната Ирска, објави АФП. Во мај, ирскиот народ гласаше со 66 проценти за укинување на забраната за абортус.

Референдумот за законот против богохулење ќе се одржи на 26 октомври, кога ќе се организираат и претседателски избори.

Поврзани

Најнови вести

Коментари