Претседателот на Сирија Башар ал-Асад го освои четвртиот мандат со 95,1 процент од гласовите на изборите што ќе го продолжат неговото владеење со земјата разоена од војна, додека пак опонентите и Западот сметаат дека станува збор за изборна измама.

Владата на Асад соопшти дека изборите покажуваат дека Сирија функционира нормално и покрај деценискиот конфликт, во кој беа убиени стотици илјади луѓе, а приближно половина од населението, или 11 милиони луѓе ги напуштија своите домови.

Претседателот на парламентот Хамуда Сабаг го објави резултатот на прес-конференција во четвртокот, велејќи дека одзивот на гласачите бил околу 78 проценти.

Изборите продолжија и покрај мировниот процес предводен од Обединетите нации, кој повикуваше гласањето да се одвива под меѓународен надзор.

Победата му донесе на Асад нови седум години власт и го продолжува владеењето на неговото семејство на скоро шест децении. Неговиот татко Хафез ал-Асад ја водеше Сирија 30 години се до неговата смрт во 2000 година.

Годините на Асад како претседател беа обележани со мултилатерален конфликт, кој започна во 2011 година.

“Благодарам на сите Сиријци за нивното високо национално чувство и големиот одзив …. за иднината на сиријските деца и нејзините млади. Ајде да почнеме да работиме утре на градење надеж и градење на Сирија”, напиша Асад на својата Фејсбук страница.

Цел ден во четвртокот се одржуваа митинзи со илјадници луѓе кои вееја сиријски знамиња и држеа слики од Асад додека тој пееше и танцуваше за да ги прослави изборите пред објавувањето на резултатите.

Официјални лица за Ројтерс приватно изјавија дека властите организирале големи митинзи во последните неколку дена за да го охрабрат гласањето, а безбедносниот систем им наредил на државните службеници да гласаат.

Асад се спротивстави на двајца нејасни кандидати, поранешниот вицепремиер Абдалах Салуум Абдалах и Махмуд Ахмед Мареи, шеф на мала, официјално санкционирана опозициска партија.

Мареи доби 3,3 проценти од гласовите, додека Салум 1,5 проценти од гласовите, рече Сабаг.

По објавата, започнаа прослави со огномет, а толпата продолжи да се радува на главните плоштади во градовите низ Сирија.