logo
logo
logo

Борис Џонсон

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

Vecer | 05.05.2021

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека повеќето луѓе не сметаат дека сега е вистинско време да се одржи уште еден референдум за независност на Шкотска.

„Мислам дека повеќето луѓе во Шкотска, повеќето низ Велика Британија, сметаат дека додека заедно се движиме напред во пандемијата, не е време за несовесен и мислам неодговорен, втор референдум“, рече Џонсон, пренесува Ројтерс.

Инаку, утре во Шкотска се одржуваат парламентарни избори.

Доколку Шкотската национална партија на премиерот Никола Старџен победи на изборите, се очекува поголем притисок да се одржи нов референдум, откако на претходниот во 2014 беше изгласано  Шкотска да остане  во Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk