logo
logo
logo

Навални ПОВТОРНО НА СУД, овој пат за клевета

Vecer | 12.02.2021

Навални ПОВТОРНО НА СУД, овој пат за клевета

Рускиот опозиционер Алексеј Навални се појави на суд под обвинение за клевета, што тој го нарече „политички мотивирано“.

Минатата недела, Навални беше осуден на три години затвор за кршење на условна казна, а тој ваквото образложение го нарече „измислица“.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е подготвена да ги заостри односите со Европската Унија доколку бидат воведени економски санкции кон земјата.

Во обвинението за клевета, Навални е обвинет за омаловажување на ветеран од Втората светска војна, кој се појави во промотивно видео за поддршка на уставните измени што би му овозможиле на рускиот претседател Владимир Путин уште двапати да се кандидира за претседател.

Навални ги нарече луѓето од промотивното видео „предавници и корупционисти“ и ги обвини властите дека користеле измислици за негово „натамошно оцрнување“.

Законот е на сила и доколку биде прогласен за виновен за обвиненија за клевета, Навални може да се соочи со затворска казна во траење од две години. Сепак, неговиот адвокат смета дека тој закон не може да биде применет за неговиот клиент затоа што кога ја дал изјавата, законот сè уште не бил усвоен.

Сè уште не е познато дали судиите во овој случај се согласуваат со проценката на адвокатот.

Поради апсењето на Навални беа организирани демонстрации шитум Русија, а неговите сојузници планираат нов вид протести со палење светилки од мобилни телефони и свеќи на секои 15 минути во нивните дворови и на прозорците и терасите низ целата земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk