logo
logo
logo

Научниците предупредуваат, третиот бран на коронавирусот во Велика Британија е веќе започнат

Vecer | 31.05.2021

Научниците предупредуваат, третиот бран на коронавирусот во Велика Британија е веќе започнат


Научниците предупредуваат дека третиот бран на коронавирусот во Велика Британија можеби е веќе започнат, ставајќи го под знак прашалник планот за укинување на сите ограничувања.

Експертите сметаат дека зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус може да предизвика тешкотии за здравствениот систем во обидот да се справи со големите листи на чекање на пациенти со други болести, пишуваат медиумите.

Од владата велат дека е рано да се шпекулира дали планот за укинување на сите ограничувачки мерки во Англија на 21 јуни може да продолжи.

Британскиот министер за вакцинација, Надим Захави, одби да негира дека некои ограничувања, како што се носење маски и работа од дома, можат да останат во сила со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Научните советници сметаат дека, доколку постои можност, добро е работата од дома да се продолжи дури и по јуни, бидејќи тоа ќе го намали бројот на луѓе кои ќе стапат во контакт едни со други.

Англиското истражување за јавно здравје, сугерира дека со новите видови на коронавирус кои се многу преносливи и делумно отпорни на вакцините, предизвикуваат загриженост дека со третиот бран може да се „преплави“ Националната здравствена служба.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак е исто така претпазлив во предвидувањата дали плановите за заклучување ќе се реализираат.

„Ќе дознаеме повеќе како се приближуваме до датумот“, рече Сунак.

Мартин Мекеј, професор по европско јавно здравје на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, рече дека верува оти третиот бран започнал.

“Веќе гледаме дека сегашните мерки не запираат, бројот на новозаразени лица рапидно расте во многу делови на земјата. Ова изгледа како да сме сега во раната фаза од третиот бран”, рече Мекеј.

Според него, отворањето во јуни претставува огромен ризик. Потребна е нова проценка за укинување на мерките, заклучи професорот на Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk