„Видовме дека успеаја да ослободат уште еден град, Лиман, и тоа докажува дека Украинците напредуваат, дека можат да ги потиснат руските сили благодарение на нивната храброст, умешност, но и благодарение на напредното оружје што го добија од САД и другите сојузници“, рече Столтенберг.

На прашањето за апликацијата на Украина за членство во НАТО по забрзана процедура, Столтенберг рече: „Секоја одлука за членство мора да биде донесена со консензус на сите 30 членки“.

Столтенберг додаде дека НАТО ја поддржува истрагата за саботажата на гасоводот Северен тек, кој се протега од Русија до Германија.

„Секој намерен напад врз критичната инфраструктура на членките на НАТО ќе биде проследен со цврст и обединет одговор“, рече Столтенберг.