НАТО самитот продолжува со фокус на Авганистан

Лидерите на НАТО планираат да го свртат своето внимание кон конфликтот во Авганистан, на вториот ден од самитот, на кој досега доминираат барањата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп вчера ги повика НАТО сојузниците да издвојат 4% од нивниот БДП на воените трошоци. Исто така, тој ја критикуваше Германија за трошоците за одбраната, како и за договорот со Русија за купување на гас.

Лидерите на НАТО се надеваат на помирлив тон денеска, пред Трамп да замине за Велика Британија. Во раните утрински твитови од Брисел, американскиот претседател ја продолжи својата критика.

 

“САД плаќаат десетици милијарди долари премногу за да ја субвенционираат Европа и ја трпи големи загуби во трговската размена!” објави тој.

 

„На врвот од се, Германија ѝ исплаќа на Русија, на земјата од која сака да биде заштитена, милијарди долари за нејзините потреби од гас. Тоа не е прифатливо! Сите членки на НАТО мораат да ги зголемат своите заложби од 2% на 4%!“ напиша Трамп.

Бројките на ЕУ покажуваат дека Русија е покрива меѓу 50 и 75 отсто од увозот на гас во Германија, но гасот сочинува помалку од 20 отсто од германскиот енергетски микс за производство на електрична енергија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари