logo
logo
logo

НАТО потврди, Русија не стои зад ракетирањето на полска територија

Vecer | 16.11.2022

НАТО потврди, Русија не стои зад ракетирањето на полска територија

 По попладневниот вонреден состанок во Брисел, Јенс Столтенберг соопшти дека експлозијата, која од синоќа разгоруваше реторика за можна ескалација на релација НАТО – Русија, најверојатно е дело на украински проектил.

-Нашата прелиминарна истрага сугерира дека инцидентот веројатно го предизвикала украинска притиввоздушна ракета, истрелана за да ја одбрани својата територија од руските ракетни напади. Но, дозволете ми да бидам јасен, Русија ја сноси главната одговорност додека ја продолжува нелегалната војна во Украина. , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Претходно, и Полска нападот на нивна територија го оцени како случаен индицент.

-Ништо, апсолутно ништо не укажува дека се работи за намерен напад врз Полска. Тоа што падна ракета на наша територија не беше намерен чин. , изјави Анджеј Дуда, претседател на Полска.

Проектилот вчера попладнето падна во полското село Пржеводов, 10-ина километри од украинската граница и уби две лица. Додека безмалку сите западни сојузници беа воздржани, Украина ја обвини Русија дека стои зад нападот, додека во јавноста се плетеа сценарија дали НАТО втор пат во историјата ќе го активира членот 5, кој вели дека напад врз нејзина членка е напад врз сите.

-Судејќи по траекторијата на проектилите, малку е веројатно дека е истрелан од Русија. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Русија категорично отфрли вина и обвини за намерна провокација.  

-Она што го идентификуваа руските експерти на воено-индустрискиот сектор се остатоци од ракета од противвоздушната одбрана С-300 на украинското воздухопловство. Изјавите дека се работи за руски ракети се намерна провокација со цел да се ескалира состојбата. , изјави Игор Конашенков, портпарол на руската армија.

Вчерашниот инцидент е прв што излезе од границите на руско-украинскиот конфликт, кој трае 266 дена. Фамозниот член 5, НАТО го активираше само еднаш по 11-септемвриските напади, кога беше воведена воздушна радарска контрола над САД и беа зголемени поморските патроли во Средозеното море.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk