logo
logo
logo

НАТО испраќа уште воени бродови и авиони во источна Европа

Vecer | 24.01.2022

НАТО испраќа уште воени бродови и авиони во источна Европа

НАТО во понеделникот објави дека го ставиле своите војски во состојба на готовност и дека во источна Европа ќе испратат дополнителни борбени бродови авиони како одговор на наводното групирање на руски единици на украинската граница.

Западните земји предводени од САД и Велика Британија се решија на ваков потег тврдејќи дека Русија подготвува инвазија врз Украина, иако Москва отфрла дека постои таков план и предупредува на подготовки на Западот и на властите во Киев за провокации и воена разврска на украинскиот конфликт.

„Го поздравувам тоа што сојузниците испраќаат дополнителни сили на НАТО. Алијансата ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, што вклучуа и јакнење на источното крило“, се истакнува во писмената изјава на генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг.

Велика Британија и САД во понеделникот објавија дека ги повлекуваат дел од вработените и нивните семејства „поради растечките закани од Русија“. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, пак рече дека Брисел нема да го следи нивниот пример, бидејќи засега не гледа причина за тоа.

„Воена акција на Русија би можела да се случи во секој момент“, тврди американската амбасада

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека потегот го смета „преуранета манифестација на претерена претпазливост“.

„Всушност нема поголеми неодамнешни промени во безабедносната ситуација: заканата од нови бранови руска агресија е константна од 2014 година, а групурањето на руската војска во близина на границата започна во април минатата (2021) година“, стои во соопштението на Киев.

Русија и САД разговарат за дескалација на тензиите во Европа, но без напредокот, иако се договорија да го продолжат дијалогот. Русија бара од НАТО бара правно обврзувачки гаранции за неширање во Украина и Грузија, како и распоредување бази и стратешко вооружување во земјите кои граничат со неа. САД го одбија тие барања, но истакнаа дека се подготвени да разговараат за идејата за рразоружување и зе мерките за градење меѓусебна доверба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk