logo
logo
logo

ЧЛЕНКА НА НАТО ОБЈАВИ БРОЈКИ: Толку многу животи се изгубени во војната во Украина

Vecer | 22.01.2023

ЧЛЕНКА НА НАТО ОБЈАВИ БРОЈКИ: Толку многу животи се изгубени во војната во Украина

Во речиси една година од конфликтот во Украина, близу 180.000 луѓе се убиени и ранети во редовите на руската армија и 100.000 на украинската страна, не сметајќи ги 30.000 убиени украински цивили, вели проценката објавена во неделата од командантот на норвешките вооружени сили.

„Руските загуби се близу 180.000 мртви и ранети војници“, изјави началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили Еирик Кристоферсен во интервју за ТВ2, без да прецизира од каде се податоците.

Норвешка, која ја дели границата со Русија, е членка на НАТО од нејзиното основање во 1949 година.

„Украинските загуби се веројатно повеќе од 100.000 мртви и повредени. Покрај тоа, Украина има околу 30.000 мртви цивили во таа страшна војна“, додаде норвешкиот Генерал.

За споредба, независни руски извори велат дека 11.662 руски војници се убиени во војната, наведува The Moscow Times.

„И покрај големите загуби, Русија е способна да ја продолжи војната долго време“

Русија и Украина со месеци не објавуваат веродостојни податоци за нивните загуби.

Во ноември, началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија Марк Мили изјави дека руската армија има повеќе од 100.000 мртви и ранети и дека ситуацијата на украинската страна е „веројатно“ слична.

Овие бројки не можат да се потврдат независно.

Во руските напади во последните месеци најмногу се користеа проектили со долг дострел.

И покрај големите загуби, „Русија е способна да ја продолжи (оваа војна) долго време“, рече норвешкиот генерал во неделата, истакнувајќи дека Москва има капацитети за мобилизација и производство на оружје.

„Најзагрижувачка работа е дали Украина ќе успее да ги задржи руските воздухопловни сили надвор од војната“, бидејќи досега сите ги држеше на растојание „благодарение на својата противвоздушна одбрана“.

Во исто време, норвешкиот генерал повика што поскоро да се испратат борбени тенкови во Украина, што Германија досега беше најнеподготвена.

„Ако тргнат во офанзива во текот на зимата, им требаат што е можно поскоро“, изјави Еирик Кристоферсен за ТВ2.

И покрај итните повици од Украина и голем број европски земји, Берлин во петокот одби да ги испрати своите тенкови Леопард во Киев.

Некои други европски земји имаат такви тенкови, вклучувајќи ја и Норвешка, но нивната испорака во Украина генерално бара германско одобрение.

Фото: Тв2

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk