Во вчерашната операција учествувале британски и германски ловци, кои пресретнале руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е втор ваков настан оваа недела

Два борбени авиони Тајфун пресретнаа руски воен транспортер Ту-134, по што следеа два руски ловци Су-27 Фланкер и АН-2, воен транспортен авион, соопшти РАФ.

РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие тензични ситуации“.

„Ние брзо го идентификувавме рускиот авион и потоа ги следевме додека летаа блиску до воздушниот простор на НАТО“, рече Ричард Лиск, еден од командантите на РАФ.