logo
logo
logo

НАСА: Русите на украинските полиња ожнеале жито, вредно милијарда долари

Vecer | 04.12.2022

НАСА: Русите на украинските полиња ожнеале жито, вредно милијарда долари

Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „не под украинска контрола“, објави NASA Harvest, програма на агенцијата за безбедност на храна и земјоделство, а пренесе германската агенција DPA.

NASA Harvest, во соработка со неколку партнерски институции, користеле сателитски податоци и моделирање за истражувањето. Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е помалку од минатогодишната рекордна жетва од 33 милиони тони, сепак количината е блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони. Украина немала пристап до 22 отсто од житото во источниот дел на земјата поради тековната руска инвазија.

Севкупно, 88 отсто од минатогодишните зимски култури се собрани во области кои не се под украинска контрола, според НАСА. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на линијата на фронтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk