logo
logo
logo

„НАРОДОТ НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАЌА ЦЕНАТА на војната за која не е одговорен“

Vecer | 23.09.2022

„НАРОДОТ НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАЌА ЦЕНАТА на војната за која не е одговорен“

Унгарија не гледа причина да продолжи со усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по разговорот со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

- Нашиот став е кристално јасен. Не гледаме рационална причина да се оди на уште еден пакет санкции, особено кога станува збор за енергијата. Енергијата е јасна црвена линија за нас. Не сме подготвени да го принудиме унгарскиот народ да ја плати цената на војната за која тој апсолутно не е одговорен – изјави унгарскиот министер за медиумите.

– Секако, доколку се предложи нацрт, ќе учествуваме во дискусијата, но нема да се согласиме на ништо што е против нашиот национален интерес – додаде унгарскиот министер.

Според него, европската економија „паѓа во рецесија“.

- Мислам дека тоа е целосно спротивно на интересите на Европа и Европејците - нагласи Сијарто.

Министрите за надворешни работи на членките на Европската унија се согласија во средата на неформалниот вонреден состанок во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, да продолжат со новите санкции против Русија и давање помош за Украина, објави високиот претставник за Надворешната и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk